Makedonija / Македонија

Центар за граѓански комуникации - СкопјеЦентар за граѓански комуникации - Скопје

Адреса: бул. Кочо Рацин 26/1-2, 1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 3213 513

Факс: +389 2 3213 513

Web: www.ccc.org.mk

E-mail: center@ccc.org.mk

 

Центарот за граѓански комуникации е невладина организација основана во 2005 година која своите активности ги насочува кон доброто владеење, на национално и на локално ниво. Главната мисија на ЦГК е да ја подобрува и развива комуникацијата меѓу сите општествени фактори во Република Македонија за процесите од поширока општествена важност, како и да ги набљудува, анализира и унапредува општествено-политичките и економските процеси во земјата, пред сè од областа на антикорупцијата, локалната самоуправа и економскиот развој. Центарот за граѓански комуникации е единствената невладина организација во Република Македонија која од 2008 година спроведува директен и сеопфатен мониторинг  на јавни набавки и издава квартални извештаи со клучните наоди и препораки за законски измени и за промени во спроведувањето на Законот за јавните набавки. Во 2011 година, ЦГК воведе нов инструмент кој ја мери ефективноста во трошењето на јавните пари т.н. Индекс на рационалност кој се изработува преку споредба на цените по коишто различните државни институции купуваат исти производи, услуги и работи. Покрај ова, Центарот за граѓански комуникации спроведува обуки за новинарите и за невладини организации на национално и локално ниво за борба против корупцијата и мониторингот на јавните трошења.  Тимот на ЦГК, исто така честопати е дел од голем број експертски групи кои се вклучени во процесот на дизајнирање на антикорупциските и реформските стратегии и политики во државата.

 

Покрај седумте вработени, за ЦГК на редовна основа работат и неколку надворешни експерти во областа на јавните набавки и антикорупцијата. Во текот на осумгодишната работа, ЦГК има имплементирано над 15 проекти, предлагајќи стотици препораки за преземање мерки за подобрување на состојбите.